недела, 7 јуни 2026

Кривична пријава за дебранец кој возел пијан, без возачка и нападнал полицајци

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците.

Објавено на

часот

Сподели

Кривична против е поднесена против А.Љ. (29) од Дебар, поради постоење сомневање за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Тој додаде дека А.Љ. на 29 минатиот месец во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници.
Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ