среда, 25 јуни 2025

Кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва

На регионалниот пат Струмица-Берово, кај место викано Осмиците, вчера полициски службеници од Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток го приведоа А.С. од село Старо Балдовци, струмичко. Тој е затекнат како во патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски национални ознаки врши утовар на огревно дрво за кое не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка.

Објавено на

часот

Сподели

Ден претходно, кај местото викано Суви Лаки, полицајците од Пехчево го лишија од слобода В.Џ. (58) од село Двориште, беровско. При извршена контрола на товарно моторно возило „рено“ со беровски регистарски ознаки, кое го управувал, утврдено е дека во возилото вторпат во ист ден се превезува дрвна маса со иста испратница.
За настанот е известен јавен обвинител, а по преземени мерки идентификувано е лице во Струмица кај кое била пренесена дрвната маса. Дрвата и возило се одземени и предадени на Шумска полиција.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ