вторник, 18 ноември 2025

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Албанските власти денеска го екстрадираа за Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан, осуден на пет години затвор за трговија со дрога. 

Објавено на

часот

Сподели

„Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија на лицето Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Македонија“, објавија медиумите.

Тој бил баран со меѓународна потерница, бидејќи судот во Виена во мај годинава го осудил на пет години затвор за трговија со дрога.

Дваесет и деветгодишниот Гитлан беше уапсен во почетокот на минатиот месец на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница при излез од Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ