сабота, 23 мај 2026

25-годишно момче почина по удар од гром

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар”, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром. Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството”, велат од МВР. 

Од удар на гром вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче”. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ