петок, 22 мај 2026

Рено направи дрон од „четворката“ (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дизајниран со специјалистите на Д Арсенал, АИР4 го претставува рено 4 како моќен дрон изработен од карбонски влакна.

Не е тајна дека Рено ја враќа „четворката“, која се продаде во повеќе од 8 милиони примероци од 1961 до 1991 година. Но, сигурно нема да лета. Она што е заедничко меѓу новата Р4 и АИР4 е што ги придвижуваат батерии.

Кај дронот тенките челични тркала се заменети со четири пропелери, каросеријата е поставена на средината на рамката, и се крева нанапред за да може да се влезе во кабината.

И наместо четирицилиндерскиот мотор со внатрешно согорува како во оругиналот има литиумска батерија со 90.000 милиампер часови, што е доволно за брзина од 26 метри во секунда. Тоа е околу 100 км/ч, што и не е толку побавно од оригиналната брзина на рено 4 од околу 120 км/ч. Најголемата висини е 700 метри, а Рено објави дека секој од четирите пропелери генерира околу 95 килограми вертикален потисок.

„По целогодишното прославување сакавме да направиме нешто неконвенционално за да ја завршиме 60-годишнината на „четворката““, кажа Арно Белони, глобалниот маркетинг директор на Рено, за АИР4. „Оваа соработка со Д Арсенал некако дојде природно. Летечкиот концепт АИР4 е нешто невидено и визија како би можел моделот да изгледа по уште 60 години“.

[video:https://youtu.be/cHeNqAWp4b0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ