петок, 22 мај 2026

Новиот ами баги концепт е разиграно авантуристичко возило (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Наречен „разиграно замислен“ концепт кој „секое дете од 14 до 77 години би го посакало како подарок“ ами баги има теренска надворешност со заштитни шипки и истакнати отвори за тркалата. Ова е потребно за да се отвори простор за дебели гуми потребни за возење по тежок терен.

Разиграноста не престанува тука бидејќи концептот е опремен со багажник на покривот, дополнителна светлосна лента, и резервно тркало. Вратите се извадени и заменети со „кутии“ за ставање на специјално дизајнирани торби. Кога времето ќе се влоши, возачот може да намести водоотпорни платнени панели кои се омаж на легендарниот ситроен мехари.

Ситроен не објави технички детали, но стандардното ами има батерии од 5,5 киловат часови кои го придвижуваат електромоторот со 8 коњски сили. Ова овозможува максимална брзина од 45 км/ч и радиус на движење од 70 километри со едно полнење. Иако не е брзо, ами може да се вози без возачка дозвола и од страна на 14-годишни млади луѓе во некои земји.

[video:https://youtu.be/kr6npcdNU-8 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ