Тие ги даваа своите предлози за специјалната верзија пума СТ голд едишн која ќе се најде во продажба од летоска.
Фановите гласаа и преку социјалните мрежи Твитер и Инстаграм за да изберат бројни детали и да ја создадат новата верзија на компактниот кросовер.
Тие ги бираа боите и ознаките, па оваа пума осамна во црно-златна варијанта која асоцира на онаа на Ф1 тимот Лотус, а тука се и црвените клешти на сопирачките.
И ентериерот е нивен избор, кој има карбонска инструмент-табла, златни украси, штепови и апликации на седиштата.
Механички измени нема, па пума СТ голд едишн го има 1,5-литарскиот турбобензински мотор со 200 коњски сили, кој моќта ја испраќа на предните тркала и до 100 км/ч стигнува за 6,7 секунди.
За златната пума СТ сè уште не се знае во колку примероци ќе биде произведена.
[video:https://youtu.be/N4Y4F2oGn8s autoplay:0]





