петок, 22 мај 2026
Време

Дожд, грмежи и засилен ветер

Времето во Македонија денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 километри на час). Утре и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 км/ч). В понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ