петок, 22 мај 2026

БМВ произведе само 781 примерок од Е30 М3 кабриолет и ова е еден од нив (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Всушност, додека БМВ произведе над 17.000 Е30 М3 купеа, од баварските погони излегоа само 781 примерок без покрив. Овој конкретен примерок е во дијамантска црна боја и изгледа многу добро чуван низ децениите, толку добро што бојата има многу малку несовршености. Оригиналните сребрени тркала ја надополнуваат црната боја.

Автомобилот се продава на аукција преку Колектинг карс и се наоѓа во Калифорнија.  Автомобилот има поминато 81.300 милји, односно 130.906 километри.

Меѓу главните на автомобилот се електрични прозорци, предни седишта со греење, М волан и менувач. Во огласот се нуди со оригиналните упатства и документација, како и комплетна сервисна книшка.

Исто како Е30 М3 купе, кабриолетот има 2,3-литарски атмосферски бензинец со четири цилиндри кој силата ја префрла на задните тркала преку петбрзински рачен менувач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ