петок, 22 мај 2026

БМВ има нов концептен кросовер „икс-ем“ со 750 коњски сили и изгледа пострашно од очекуваното (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Изгледот на предниот дел, за жал, не е резервиран само за „икс-ем“ концептот, кој може да го носи тоа има благодарение на договорот меѓу Ситроен и БМВ. Комбинацијата од огромна предна решетка и две тенки светла е „најава на предниот дел и дизајнот на претстојните луксузни модели на БМВ“, според компанијата. Што значи дека ако не ви се допаѓа ова, нема да ви се допаѓа ни новата серија 7 која треба да биде претставена на почетокот на следната година.

„Икс-ем“ е дело на М одделот на баварската компанија, и во согласност со актуелните трендови, возилото е електрифицирано. Станува збор за плагин хибрид чија погонска група е составена од конвенционален V8 мотор и електромотор.

Вкупната сила на хибридниот систем е 750 коњски сили, а максималниот вртежен момент достигнува 1.000 њутнметри. Се очекува тоа да биде доволно за големиот кросовер да стигнува од место до 100 км/ч за околу 4 секунди.

БМВ за 2022 година најави сериска верзија на овој моќен кросовер со неконвенционален изглед, а цената би требало да се движи околу 150.000 евра.

[video:https://youtu.be/mPqRNxOICeQ autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ