Генерал-мајорот Михаил Гудков наводно загинал по украински ракетен напад врз штаб на терен, објави РТ.
Заменик-командантот на руската морнарица, генерал-мајорот Михаил Гудков, загина додека служеше во Курската област на границата со Украина, објави руското Министерство за одбрана.
Неофицијалните руски и украински воени канали на Телеграм претходно објавија дека Гудков е убиен, заедно со други војници и офицери, во украински ракетен напад врз команден пункт во рускиот Курски регион, кој граничи со Украина, со ракета ХИМАРС од американско производство.
Како водач на крајбрежните и копнените сили на морнарицата, вклучувајќи ги и поморските единици, тој е еден од највисоките руски воени офицери убиени откако Москва ја почна војната против Украина во 2022 година. Најмалку 10 други високи руски команданти загинаа во акција или се убиени од Киев од почетокот на војната, вели Ројтерс.
Гудков бил назначен на функцијата во март оваа година. Претходно ја водел 155-та морнаричка бригада на Тихоокеанската флота. Во 2023 година му била доделена титулата Херој на Русија.
Смртта на Гудков прв ја објави гувернерот на руската источна област Приморје Олег Кожемјако. Во објава на Телеграм, тој изрази сочувство до семејствата и пријателите на Гудков, како и до другите војници што наводно биле убиени во украински ракетен напад врз штабот на маринците.
Гудков бил назначен на функцијата во март оваа година. Претходно ја водел 155-та морнаричка бригада на Тихоокеанската флота. Во 2023 година му била доделена титулата Херој на Русија.
Сѐ уште нема коментар од Украина, која ги обвини Гудков и неговите подредени за извршување разни воени злосторства, нешто што Москва го негираше.
Во пристанишниот град Владивосток на далечниот исток, базата на руската Тихоокеанска флота, ужалените оставаа цвеќе пред портретот на Гудков поставен на отворено, дел од фотоизложба со која се слават офицерите што Русија ги смета за воени херои.