Во последниве месеци тензиите се зголемија, а Западот предупреди дека Москва можеби планира целосна инвазија на својот сосед откако ќе собере околу 100.000 војници на границата.
Високи функционери од Соединетите Држави и Русија треба да одржат дводневни разговори во Женева за кризата, кои ќе почнат в недела, откако Кремљ упати низа барања до Вашингтон.
Борел – кој за време на неговата посета од вторник до четврток ќе се сретне со украинските претставници во Киев – инсистираше дека „секоја дискусија за европската безбедност мора да се одвива во координација и учество на ЕУ“.
Брисел стравува дека ќе биде занемарен додека двете нуклеарни сили разговараат за рамнотежата на силите во Европа во разговори што потсетуваат на ерата на Студената војна.
Борел ќе ја посети „контактната линија“ каде што вооружените сили на Украина се соочени со сепаратистите поддржани од Русија.
Русија во 2014 година го зазеде полуостровот Крим од Украина и е обвинета за поттикнување на крвавиот конфликт на истокот на земјата, во кој загинаа над 13.000.
Москва инсистира дека воениот сојуз предводен од САД, НАТО, мора да ја отфрли можноста за членство на бившосоветската Украина и да ги повлече своите сили во близина на границата со Русија.
Западот го отфрли, како што го нарече, обидот на Москва да ја диктира иднината на независните сојузници и ѝ се закани на Москва дека „скапо ќе плати“ доколку почне нов упад во Украина.






