четврток, 7 мај 2026

Жени од Балканот на Твитер објаснуваат зошто не пријавиле злоставување

Објавено на

часот

Сподели

Нејзиниот потег предизвика верижна реакција на голем број жени низ Балканот обединети под слоганите „Не си сама“ и „Не сум барала“, своевиден пандан на западното движење #MeToo, кое разоткри многубројни сексуални злосторства во забавната индустрија.

Меѓутоа, на социјалните мрежи деновиве почна да се шири хаштагот #NisamPrijavila.

Станува збор за сведоштва на жени од Балканот во кои ја објаснуваат ситуацијата поради која не пријавиле злоставување.

Нивните приказни опфаќаат разни типови насилство – од физичко до сексуално.

„Гледам многу #nisamprijavila бидејќи… Јас пријавив. Да, дојдоа по него. Да, се согласија да го одведат додека да ги спакувам децата. Да, ми се смееја заедно со него додека заминуваа. Да, не знам што ќе беше да немав каде да отидам. Ова не е држава. Но ќе биде“, пишува во еден пост.

„#NisamPrijavila бидејќи тој беше инспектор во полиција, бидејќи за многумина јас бев виновна што сум останала со него сама во станот, бидејќи на мојата мајка ќе ѝ пукнеше срцето, бидејќи татко ми ќе го убиеше и ќе умреше од внатре, бидејќи оние на кои нешто и им кажав прво ме прашаа што сум имала на себе тој ден“, пишува во друг твит.

„#NisamPrijavila затоа што бев мала, само во основно училиште и се грижев дека ќе ми се смеат и ќе ми кажат дека измислувам“, напиша една од жртвите.

Истражување на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) од 2019 покажало дека 22 отсто од анкетираните Србинки одговориле дека од 15-тата година доживеале физичко или сексуално насилство од партнер или некој друг.

Повеќе од 41 отсто од нив биле изложени на сексуално злоставување, што е за 10 процентни бода повеќе од просекот на Европската Унија и покажува дека пријавувањето на злоставувањата на Балканот е табу, „исто како и недостигот од свест што е сексуално злоставување“, се наведува во извештајот на ОБСЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ