петок, 17 април 2026

Зеленски ја одби Америка: „Не сме идиоти, знаеме што значи тоа“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли предлозите според кои американските безбедносни гаранции би биле условени со откажувањето на Украина од Донбас. Неколку западни медиуми објавија дека Вашингтон ги условува безбедносните гаранции со предавањето на источноукраинскиот регион Донбас на Русија, а ова го потврди и самиот Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тие велат дека гаранциите ќе дојдат дури по завршувањето на војната – а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од Донбас. Не сме идиоти. Знаеме што тоа значи“, рече Зеленски во интервју за германскиот ЗДФ.

Тој додаде дека некои американски претставници, вклучувајќи ги Џаред Кушнер и Стив Виткоф, веруваат дека Русија ја добива војната, но нагласи дека таквата проценка е погрешна. Тој исто така нагласи дека Украина продолжува со конструктивен дијалог со Вашингтон.

Зборувајќи за можните чекори кон деескалација на конфликтот, Зеленски посочи дека Украина би можела да престане да ја напаѓа руската енергетска инфраструктура ако Русија престане да напаѓа украински енергетски цели.

Тој повтори дека Русија мора да плати за штетата предизвикана за време на војната, или доброволно или преку економски механизми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ