сабота, 25 април 2026

Западот го осуди насилството во Црна Гора: Поединци мора да одговараат

Објавено на

часот

Сподели

Во заедничко соопштение за јавноста, се апелира до сите граѓани одговорно да придонесат на зачувувањето на мирот, чувањето на јавниот ред и мир, а до полицијата исклучиво да користи само потребни и законски средства.

„Приоритет во следниот период би требало да биде воспоставување демократски, инклузивен и конструктивен политички дијалог, вклучувајќи ги сите страни кои се искрено определени за светла европска иднина на оваа земја членка на НАТО, почитувајќи ги основните слободи, особено слободата на изразување, слободата на мирно собирање и слободата на вероисповедта“, се наведува во соопштението.

Се додава дека поединци мора да одговараат за своите постапки, како и дека сите кои врз основа на наведените принципи работат на помирување на општеството ќе имаат континуирана поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ