сабота, 25 април 2026

Алиу: Објавена е јавната набавка за сто нови амбулантни возила

Министерството за здравство (МЗ), согласно заклучок од седница на Владата ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, соопшти МЗ.

Објавено на

часот

Сподели

Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари, а во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.

„Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема, а со тоа што ќе се распределат во установите низ државата обезбедуваме подобра покриеност во сите подрачја, особено во руралните средини“, се вели во соопштението.

Оваа инвестиција, додаваат од МЗ, е во рамки на поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и унапредување на оперативната способност за брз и структуриран одговор на здравствениот систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ