петок, 8 мај 2026

Захарова: Одбранбената способност на Србија во голема мера зависи од Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Одбранбената способност на Србија во последните веројатно 200 години во голема мера зависи од тоа колку брзо Русија ќе реагира на надворешните закани кон таа јужнословенска држава“, напиша Захарова на својот профил на Телеграм.

Коментирајќи ја изјавата на адмиралот на НАТО Роберт Берк дека Алијансата ги поддржува реформите во Србија заради зајакнување на одбранбените капацитети на земјата, таа додаде дека „по некоја чудна случајност, сите што ја напаѓаа Србија сега влегуваат во НАТО“.

„Ако Берк ја знае историјата, тогаш со својата изјава тој ги поздравува испораките на руско оружје (на пример, противтенковските комплекси „Корнет“) и многу се надева дека тоа ќе ги олади вжештените глави на Алијансата, кои ги матат водите на Балканот“, рече Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ