четврток, 7 мај 2026

Захарова: Германија спречува емитување на РТ на германски јазик, што е директно мешање во новинарската работа

Објавено на

часот

Сподели

„Берлин го натера операторот на сателитската врска да го исклучи РТ на германски од емитувањето. Тоа е прогон на медиуми, информациска сегрегација. Ќе следи реакција“, напиша Захарова на Телеграм.

Во интервју за еден канал на Јутјуб Захарова истакна дека германските власти им ја оневозможуваат работата на новинарите на РТ.

„Германија прави сè за да нè блокира, да го направи емитувањето на каналот РТ невозможно. Тоа е директно мешање во работата на новинарите на најгруб начин“, оцени таа.

Захарова праша каде се претставниците на ОБСЕ за слобода на медиумите и светските новинарски организации.

Според неа, сателитот преку кој требало да се емитува програмата е приватен.

Според Дојче веле, рускиот државен медиуми РТ, претходно познат како Раша тудеј, на 16 декември на својата интернет страница почнал да емитува програма за германскиот пазар, повикувајќи се на дозвола за емитување добиена во Србија од Регулаторното тело за електронски медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ