Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1,3 отсто.
Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи транспорт за 10,1 отсто, рекреација, спорт и култура за 1,4 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,2 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 отсто, облека и обувки, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и информации и комуникации за 0,6 отсто, ресторани и услуги за сместување за 0,4 отсто, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, здравствена заштита и услуги за образование за 0,3 отсто.
Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,2 отсто.
Трошоците на животот во групата осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во април годинава, пак, во однос на март, забалежале раст од 3,2 отсто.






