Граѓаните ќе треба да примат барем една доза вакцина, а мерката ќе стапи во сила на 13 септември, пренесува Ројтерс.
Де Бласио посочи дека е време луѓето да разберат дека вакцинацијата е неопходна за нормален живот и дека оние што не се вакцинирани нема да можат да учествуваат во многу активности.
Според податоците на градските власти, околу 60 проценти од жителите на Њујорк примиле барем една доза вакцина против ковид-19, но во некои области има многу помала стапка на вакцинација.
Одлуката на Њујорк доаѓа во време кога бројот на инфекции со коронавирусот низ САД расте, а државите Флорида и Луизијана објавија рекорден број хоспитализирани пациенти со ковид.






