петок, 8 мај 2026

Вучиќ: Омразата од една страна предизвикува уште поголема од другата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тој со ова реагираше на снимката на српскиот полицаец од Прибој кој пее националистички песни.

„Не ги видов сите детали. Мое е да им кажам на Бошњаците во Србија дека ова е нивна земја исто колку и моја и на сите нас, дека ќе бидат апсолутно безбедни и заштитени, полицијата треба да презема одговорни постапки“, кажа тој.

Вучиќ кажа дека никој не може да мисли дека е добро и паметно да ги навредува или да им се заканува на припадниците на другите народи, како и дека не може да постои човек кој може тоа да го оправда.

„Јас би ги замолил, бидејќи подобро да не ги коментирам хрватските медиуми, што се однесува до Србите и Бошњаците, ние едните и другите мораме да разбереме дека едни без други не можеме да живееме и да опстанеме. Колку побрзо го сфатиме тоа подобро“, кажа тој.

„Омразата од една страна предизвикува уште поголема омраза од другата страна. Ги повикувам луѓето да водат сметка за своите соседи Бошњаците, како што ги молам Бошњаците да се грижат за своите соседи Србите“, кажа српскиот претседател.

[video:https://youtu.be/vnIWzTPMW-A autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ