Не е наведено дали во анкетата се вклучени украинските граѓани од бунтовничкиот регион Донбас.
Според податоците од првата половина на ноември, 54 отсто од Украинците изјавиле дека на референдум за влез на Украина во НАТО би гласале „за“, 28 отсто биле против, а 18 отсто не се изјасниле.
Резултатите на истражувањето спроведено во 2012 покажуваат дека само 14 отсто Украинци го поддржувале членството во НАТО, а 62 отсто биле против.
Во април 2014, по државниот преврат во Украина, нивото на поддршка на членството во НАТО пораснало на 37 отсто, а 42 отсто Украинци биле против, додека во ноември 2015 процентот на Украинците кои го поддржуваат влегувањето во НАТО пораснал на 48 отсто и за првпат го надминал процентот на оние кои се против – 33 отсто, се наведува во соопштението.
Се заклучува дека е „очигледна закономерноста дека оружената агресија на Русија против Украина го сменила ставот на поголемиот дел од населението на Украина за НАТО“ и дека „интензивирањето на агресивните акции на Кремљ против Украина само го јакне нивото на поддршка на интеграцијата во НАТО меѓу граѓаните.






