вторник, 12 мај 2026
Пресуда на Основниот кривичен суд Скопје

Стојанче насмеан на пресудата, доби затвор од 12 години оти ја тепал Ивана и ја навел на самоубиство

„Седни Стојанче, има време и за тебе“, му рече судијата Ивица Стефановски на обвинетиот пред изрекување на пресудата во Основниот кривичен суд Скопје во кој тој одговара за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. За овие кривични дела денес првостепениот суд го осуди обвинетиот на единствена казна затвор во траење на 12 години. Пред изрекување на пресудата обвинетиот влезе и седеше во судница со широка насмевка на лицето, а така и си замина од судницата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочи судијата Стефановски, обвинетиот ја навел Ивана до тешка психичка состојба од која таа гледала излез, па си го одзела животот скокајќи со ќерката во раце, при што настанал раскин на мозокот и престанок на сите витални функции од падот од кој и двете починаа.

Стојанче Јовановски одговара за три кривични дела, а на ова судење беа изнесени голем број докази врз основа на кои Судот ја утврди фактичката состојба. Овој судски процес силно влијаеше и врз основа на тоа да се докаже колкава е тежината на кривичните дела поврзани со семејно насилство. Стојанче Јовановски е виновен затоа што на 2 март 2026 година на повеќе локации во Скопје со умисла телесно ја повредил оштетената Ивана Јованова, и удрил шлаканица , па потоа пак ја удирал, а се вмешал сведокот Мартин Саздов, но обвинетиот пак ја удрил по лицето. Од таму се упатиле во Основниот кривичен суд, тука ја нарекувал курва, а потоа ја влечел и се заканувал и ја удрил, а таа паднала. И се заканувал дека ќе и го уништи жвотот и дека нема детето да го види. Се ќе ти е..м, ќе ме запамтиш ти, ќе видиш. Од ударите Ивана имала крвни подливи и го пријавила настанот во полиција“, посочи судијата Стефановски пред да ја изрече пресудата.

Тој ги спомена сите вулгарни и безобразни зборови и пцовки кои обвинетиот Стојанче и ги упатувал на сега починатата Ивана пред таа да си го одземе живото скокајќи од балкон заедно со нејзината малолетна ќерка Катја.

„Ако одам во затвор ќе излезам и ќе те убијам, Катја ќе ти ја земам“ се заканувал Стојанче.

За кривичното дело телесна повреда тој доби затвор од 5 години, за загрозување на сигурноста 3, а за наведување на самоубиство 5, па Судот му изрече единствена казна затвор за сите кривични дела во трење од 12 години.

До правосилност на пресудата тој ќе остане во притвор.

Основниот кривичен суд Скопје објасни дека казната од 12 години затвор за Стојанче Јовановски е донесена согласно правилата за одмерување казна кога постои стек на повеќе кривични дела.

Од Судот посочуваат дека за делата кои му се ставаат на товар на обвинетиот биле изречени максимални казни за секое поединечно дело – пет години затвор за телесни повреди во семејно насилство, три години за загрозување на сигурноста и уште пет години за наведување и помагање во самоубиство.

Според член 44 од Кривичниот законик, кога едно лице е осудено за повеќе кривични дела во ист процес, судот определува единствена казна која мора да биде повисока од секоја поединечна казна, но не смее да го достигне вкупниот збир на сите изречени казни.

„Во конкретниот случај вкупниот збир на казните за сите три дела е 13 години, а како единствената мора да биде поголема од секоја одделна казна, но не смее да го достигне збирот на утврдените казни, утврдена му е единствена казна затвор во траење од 12 години“, наведуваат од Кривичниот суд.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ