среда, 6 мај 2026

ПСЖ го преживеа Минхен и се пласира во финалето од ЛШ (ВИДЕО)

Реваншот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ заврши без победник 1-1, францускиот тим со вкупни 6-5 оди во финалето од Лигата на шампионите каде ќе игра против Арсенал.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од првиот натпревар во кој имаше дури девет голови, денеска само двапати се тресеа противничките мрежи.

Најзаслужен за тоа е Луис Енрике кој подготви одлична дефанзивна тактика за која Компани немаше одговор. Баерн Минхен тешко се снаоѓаше, тешко создаваше шанси, единствениот погодок го постигна пред самиот крај на мечот.

ПСЖ поведе во третата минута кога по асистенција од Кварацхелија, Дембеле даде гол за водство од 1-0.

Имаше и спорен момент во шеснаесетникот на ПСЖ, но играта со рака судијата не ја санкционираше како пенал.

ПСЖ создаде повеќе шанси, но Нојер беше одличен на голот и не дозволи поубедлив пораз.

Кога се очекуваше дека мечот ќе заврши со победа на ПСЖ, Баерн израмни преку Хари Кејн во 94. минута.

Баварците немаа време и за втор погодок кој ќе го однесеше мечот во продолженија.

На крајот ПСЖ заслужено оди во финале и во Будимпешта против Арсенал ќе го брани трофејот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ