Како што пренесува Ројтерс, Турција годинава почна да ја развива вакцината турковак, а претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе ја направи вакцината достапна за целиот свет.
Турција веќе употреби повеќе од 125 милиони дози од вакцините на Синовак и Фајзер/Бионтек, а повеќе од 50 милиони граѓани примиле две дози.
Дневниот број на заразени во Турција е околу 20.000, додека дневниот број на смртни случаи поради инфекција со коронавирусот сè уште е близу 200, јавува Ројтерс.






