вторник, 21 април 2026

Во Јапонија загинаа тројца војници за време на воена вежба

Тројца војници загинаа денес на воениот полигон Хиџудаи во јужна Јапонија за време на воена вежба кога граната експлодираше во тенк.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата се случила во внатрешноста на топовската купола на борбениот тенк тип 10, за време на вежбата за боево гаѓање.

Загинаа командантот на тенкот, стрелецот и офицерот за безбедност. Четвртиот војник, возачот, преживеал, но бил повреден, соопштија официјални лица.

Масајоши Араи, началник на Генералштабот на Јапонските копнени сили за самоодбрана, изјави дека војската ги прекинала вежбите со тенковите тип 10 и тип 90 кои користат исти гранати додека трае истрагата за причината и другите детали за несреќата.

„Ќе ја утврдиме причината навремено за да можеме да преземеме превентивни мерки“, рече Араи.

Тип 10 е најновиот јапонски тенк, кој почнал да се користи во 2011 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ