Најновите податоци сугерираат и дека епидемијата добива замав, бидејќи во минатите седум дена се откриени 131.731 нов случај, во споредба со 73.200 пријавени случаи за целиот октомври, оценува агенцијата Ројтерс.
Најновиот дневен биланс е и третиот рекорден број пријавен во изминатите седум дена.
Чешката влада вчера нареди баровите и клубовите да се затвораат во 22 часот и ги забрани божиќните панаѓури, настојувајќи да ограничи една од најголемите стапки на заразување со ковид во светот.






