Во протестите што траат од крајот на мај се бара заминување на Болсонаро, кој е обвинет за лошо управување со пандемијата на коронавирусот, која веќе однесе повеќе од 500.000 животи во земјата со 212 милиони жители.
„Геноциден Болсонаро“, „Тоа не е негационизам, тоа е корупција“ или „Да за вакцините“ се само некои од натписите што ги носеа демонстрантите во центарот на најголемиот град Сао Паоло.
По повик на опозицијата се одржаа митинзи во повеќе градови, вклучувајќи ги Бразил, Белем, Ресифе и Порто Алегре.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=D34nCGG-zOg autoplay:0]Болсонаро е осомничен за игнорирање на сомневањата за корупција што му ги изнел функционер на Министерството за здравство.
Сведочејќи пред Истражниот комитет на Сенатот, официјалниот претставник рекол дека бил подложен на „нетипичен притисок“ да го одобри увозот на дози на индиската вакцина Коваксин, за кои сметал дека се превисоки.
Во петокот бразилското државно обвинителство објави отворање прелиминарна истрага против шефот на државата, заснована врз обвинувањата на тројца сенатори, кои го обвинуваат за „измама“ во оваа афера.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=zmfxFUID-tU autoplay:0]





