вторник, 28 април 2026

Во Австралија и покрај многу строгите мерки растат бројките. Вакцинираните ќе имаат поголема слобода

Објавено на

часот

Сподели

Морисон рече дека на следната седница на националниот кабинет во петок ќе се расправа за воведување ковид-пасоши и домашен карантин.

„Вакцинираните луѓе ќе можат послободно да се движат и да прават многу други работи“, рече Морисон за радиото 3АВ.

„Помалку е веројатно дека они ќе се заразат со вирусот, дека ќе го пренесат или дека тешко ќе се разболат и ќе завршат во болница“, додаде тој. „Па така нема да претставуваат притисок врз системот јавни болници“.

Здравствените власти предупредија дека ширењето на делта варијантата на вирусот најверојатно ќе значи поголем притисок врз здравствениот систем, кога ќе почнат да се олеснуваат мерките во Сиднеј, Мелбурн, Канбера и некои други региони.

Викторија пријави 510 нови случаи во петокот, повеќето во главниот град на државата Мелбурн. Во четвртокот беа пријавени 514 нови случаи, што е најмногу во овој бран.

Морисон се залагаше за повторно отворање на земјата, во согласност со зголемениот број вакцинирани. Тој потврди дека повеќе од 70 проценти од населението постаро од 16 години ја примило првата доза.

Тој, исто така, најави дека ќе се разгледа можноста за укинување на хотелските карантини и воведувањето домашни карантини за патниците кои пристигнуваат во Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ