вторник, 28 април 2026

Филипче добил златна виза од ОАЕ за да биде директор на фирма за инвестиции и менаџмент

Телевизијата Алфа објавува дека од „свиркачи“, дошла до документот, т.н. златна виза за Дубаи, односно Обединетите Арапски Емирати, на име на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за која подолго време се зборува во македонската јавност. И самиот Филипче нема негирано дека имал добиено таква виза, но остана недоречено врз каква основа. Актуелниот лидер на СДСМ, како основа за добивање на визата за Дубаи ја наведуваше својата лекарска професија како неврохируг. Но, телевизија Алфа, објавува други сознанија.

Објавено на

часот

Сподели

„Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница. Извадена во 2023-та година, а трае до далечната 2033-та. Досега необјавени документи за златната виза на докторот Венко Филипче, кои Алфа ги доби од свиркачи и ексклузивно ги објавува, покажуваат сосем друга реалност од таа што ја кажа лидерот на СДСМ“, се вели во телевизискиот прилог на оваа тема.
Златната виза, која вообичаено ја добиваат богати бизнисмени, Филипче ја добил во септември 2023-та година, само седум месеци пред изборите и падот на власта на СДСМ, а му трае цели 10 години, се наведува во прилогот. Според она што го пишува во документот со кој Обединетите Арапски Емирати, му станаа резервна татковина на лидерот на социјалдемократите, тој требало да работи на престижната функција изврешен директор во компанија, во познатата економската зона „Рас Ал Каиман“ во Дубаи. Што точно работи компанијата, нема податоци, освен дека е „комерцијално претпријатие за инвестиции, институции и менаџмент“.
„Лидерот на СДСМ, кој во минатото даваше сосема други информации околу златната виза и под кои услови ја добил, повторно воинстевно се нафрли врз Алфа телевизија. Прашан во врска со неа, тој не објасни ништо, туку само нервозно нè обвини дека сме му ја дефокусирале прес-конференцијата.
‘Доста со дефокус прашања! Каков е тој дефокус – златна виза, каква врска има тоа со контекстот тука. Претстанете со тоа, престанете со тие лажни вести, престанете со тие кампањи, луѓето имаат реални проблеми овде, какви се тие златни визи, Дубаи, згради, Харис Џиновиќ… Престанете со таа кампања, нека не ви нарачуваат такви прашања. Доста правите ваков дефокус’ заврши Филипче“, цитираат од ТВ Алфа поранешна прес-конференција на Венко Филипче.
Пред точно една, година кога првично беше објавено дека Филипче и неговиот близок пријател Зоран Заев поседуваат златни визи за Дубаи, лидерот на СДСМ првично демантираше дека воопшто ја има, за само две недели подоцна да каже дека сепак имал таква виза, но не ја добил зошто бил полн со пари, туку бил во преговори да работи во болница таму и врз основа на тоа му издале виза, се потсетува во телевизискиот прилог.
Според програмата на Обединетите Арапски Емирати, златна виза за долгорочен престој главно добиваат странски државјани кои се подготвени да вложат минимум 280.000 долари за виза од 5 години, или над 500.000 долари за 10-годишна виза. Освен инвеститори, виза може да добијат и специјалисти, студенти и истражувачи, кои прават значители инвестиции во земјата. Но за таква виза, потребно е барање и препорака од министерство на ОАЕ, како и специјално писмо со препорака од Советот на научници или лично од секретаријатот на шеикот, со кое се потврдува дека личноста има добиено медал за академска исклучителност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ