четврток, 7 мај 2026

Во Америка одобрен Мерковиот лек за корона

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за таблета на компанијата Мерк, позната и како молнупиравир, пренесува Ројтерс.

Вчера Фајзеровиот лек за коронавирус беше одобрен во Соединетите Држави.

Многумина веруваат дека молнупиравир е одлично решение бидејќи така може да се лекуваме против коронавирусот, а при тоа да не престојуваме во болница, пишува Си-ен-ен.

Имено, кога на пациентот ќе му биде дијагностицирана инфекција со ковид-19, тој може да започне терапија со овој лек и да зема два пати на ден во текот на пет дена четири капсули од 200 милиграми (вкупно 40 таблети).

„За разлика од вакцините, кои предизвикуваат имунолошки одговор, молнупиравир ја спречува репликацијата на вирусот“, рече Сањаја Сенајаке, специјалист за заразни болести на Австралискиот национален универзитет.

Прелиминарните резултати од третата фаза на клиничките испитувања спроведени од Мерк на повеќе од 700 невакцинирани пациенти покажаа дека таблетата може да го намали ризикот од хоспитализација или смрт за приближно 50% во споредба со пациентите кои земале плацебо.

Учесниците во рамки на студијата примале таблета или плацебо во рок од пет дена од почетокот на симптомите на инфекција, а ниту еден од оние кои примале молнупиравир не починал во рок од 29 дена, за разлика од осум испитаници кои примале плацебо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ