петок, 8 мај 2026

Внука на Џорџ Флојд тешко повредена на новогодишната ноќ

Објавено на

часот

Сподели

Аријана, инаку, е внука на Џорџ Флојд.

Девојчето било тешко повредено, но закрепнува по операцијата. За време на пукањето ѝ биле повредени белите дробови и црниот дроб, а ѝ биле скршени и три ребра.

„Осомничениот испукал неколку истрели во станот во кој спиеле возрасните и двете деца”, се наведува во изјавата на детективите кои се занимаваат со напади и семејно насилство, пренесува Пипл.

„Едно од децата се здоби со повреда на торзото. Таа со приватно возило е пренесена во болница, каде ѝ била извршена операција и е во стабилна состојба”, се вели во соопштението.

Таткото на Аријана, Дерик Дилејн, рече дека полицијата не дошла до 7 часот наутро – четири часа по пукањето. Началникот на локалната полиција Трој Финер вели дека е свесен за ова и дека е покрената внатрешна истрага.

Џорџ Флојд почина во Минеаполис на 25 мај 2020 година, откако полицаецот Дерек Човин го притискаше со колено на вратот 8 минути и 46 секунди, а друг полицаец му го притискал грбот. Човин го притискал дури две минути и 53 секунди откако престанал да се спротивставува, се вели во кривичната пријава објавена од канцеларијата на обвинителот на округот Хенепин.

Откако снимката од смртта на Флојд го обиколи светот, протести избија низ Соединетите Држави.

Дерек Човин во јуни минатата година беше осуден на 22 и пол години затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ