Сопствениците на продавници и хотели во тој палестински град потврдија дека работата драстично им опаднала во споредба со годините пред пандемијата на коронавирусот, кога градот знаеле да го преплават побогати туристи. Мерките на затворање поради пандемијата имаа разурнувачки ефект врз економијата во местото.
Само неколку стотици луѓе се собраа на плоштадот Рождество Христово, кои главно живеат, работат или студираат во Израел и на Западниот Брег. Собрани околу божиќната елка пееја божиќни песни за барем малку да ја развеселат глетката пред црквата Рождество Христово.
Еден сопственик на продавница за сувенири вели дека неговата заработка била само два отсто во однос на годините пред пандемијата.
Споредните улици беа буквално празни, а затворен беше и највеличествениот хотел Џасир палас.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=f5z54DDBLdE autoplay:0]Сепак, рано во саботата, латинскиот патријарх на Ерусалим Пјербатиста Пизабала на бројно намалената миса поради епидемиолошките мерки ги повика верниците да побараат надеж.
„Мораме да го бараме и да го најдеме гласот на надежта што нè води до Исус и спасението, гласот што ја отвора вратата на надежта“, рече Пизабала.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=zPBq9tpB1h8 autoplay:0]





