вторник, 28 април 2026

Вилата на Ел Чапо со месеци е главна награда на државната лотарија, но никој не ја сака

Објавено на

часот

Сподели

Надзорните камери кои го покривале секој агол на надворешноста на скромната куќа на лидерот на картелот Синалоа се отстранети, заедно со дупката под кадата, под која бил тунелот низ кој наркобосот во една прилика се провлекол бегајќи од полицијата.

Ел Чапо од оваа куќа избегал во 2014 година кога го опколиле маринци во Мексико, но од тогаш претрпела некои промени.

Државниот институт за враќање на украдената стока на луѓето (ИНДЕП) ја обоил со бела боја и го покрил со плочки местото во купатилото каде што биле кадата и тунелот.

Со помош на тој тунел ѝ избегал на полицијата, но само на кратко, додека маринците не го уапсија во неговиот стан на брегот на Мазатлан, мексиканско летувалиште во државата Синалоа.

Куќата се простира на 2.800 квадратни метри во квартот наречен Либертад, односно Слобода, а владата ја проценува оваа куќа на 183.000 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ