„Една од специфичните точки е Изборниот законик, кој бара поголем, поширок консензус. Не можеме тоа да го направиме за еден ден, само за да го исполниме тој чекор, затоа што износот што го споменуваме е осум милиони евра за секој чекор. Меѓутоа, дали финансискиот дел е главниот мотив, или пак исполнувањето на тој чекор, со цел функционирање на системот, е наша цел. Сметам дека како политичари треба да мислиме на идните процеси. Секако, и финансискиот дел е една инфузија за нашиот финансиски систем. Меѓутоа, ние како политичари треба да преземеме одговорност за иднината на државата и тука изборите ни се многу битен фактор“, изјави Сали.
Тој додаде дека извештајот од Европската комисија не е пристигнат, но, како што рече, би требало во текот на оваа недела Владара да го добие. Посочи дека македонската јавност знае дека тој извештај е позитивен и 16 до 21 точка се прифатени.
„Тоа е одличен знак за нас. Предупредувањето на комесарката Кос и на европатеникот Вајц се однесуваат на најави за идниот период, односно за овој период до јуни за кој имаме два месеци и сметам дека критични се 10-ина точки. Значи, тоа се критични точки, кои се во грејс-период, не се зборува за другите, кои се тековни точки, чекори, кои треба да ги реализираме. Работиме на сите сфери, значи на грејс-периодот и на редовниот период, кој треба да го исполниме. Сметам дека нивната најава, предупредување, е превентивен знак за нашата држава, треба да работиме понапорно“, рече Сали.
Министерот за европски прашање Сали рече дека шест точки од 10-те критични веќе се при крај, завршени, и се очекува до крајот на април да се реализираат, а со цел нашата Влада да има два месеци период на адаптација и за можни измени.
„Мораме да признаеме дека се многу специфични и не случајно се останати така и очекуваме повеќето од овие чекори да ги реализираме, некои се веќе завршени, и преостанатиот дел од редовните 27 чекори, кои се таргет-точки, очекувам повеќето да бидат исполнети од нашите институции“, истакна Сали.
Евроамбасадорот Михаил Рокас потврди дека има уште 10 чекори што треба нашата земја да ги исполни до јуни, кои, како што рече „се во рамките на грејс-периодот“.
„Ова е системот по којшто функционира реформската агенда и доколку периодот помине, а тие не се исполнат, тогаш парите се губат. Владата и министерствата што се засегнати со овие 10 чекори работат напорно да ги исполнат. На тоа се однесуваше предупредувањето и такво предупредување не беше испратено само кон Македонија, туку и до другите земји кандидати што ги исполнуваат нивните реформски агенди. Значи, во тек е напорна работа. Не можам да давам предвидувања, ќе треба да почекаме до крајот на јуни за да го видиме исходот“, изјави Рокас.
Евроамбасадорот Рокас додаде дека исто така во тек е извештајниот период за чекорите што треба да се исполнат до јуни 2026 година.
„Јас и мојот тим тесно соработуваме со сите министерства и гледаме дека постои импулс за тоа. Но не можам да предвидам каков ќе биде исходот на крајот од јуни, односно ќе треба да почекаме до тогаш“, вели Рокас.






