вторник, 28 април 2026

Македонија го освои среброто, златото е за Хрватска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кадетска репрезентација го освои второто место на Светското училишно ракометно првенство откако во денешното финале во СЦ „Јане Сандански“ бевме поразени од Хрватска со 26-28.

Објавено на

часот

Сподели

Нашите ракометарки се на убедливначин стигнаа до финалето, но денеска хрватските млади ракометарки беа подобри и го освоија златото.

Македонија одлично го отвори натпреварот, водевме со 5-1, но потоа Хрватките почнаа да ја топат негативата и брзо дојдоа до водство кое го држеа до самиот крај на натпреварот. Во финишот имаше драма кога на пет минути до крајот дојдовме на само еден негатива, сепак противникот не дозволи да биде изненаден. Хрватска победи со 28-26.

И покрај загубеното финале, овие наши млади ракометарки покажаа дека женскиот национален тим има светла иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ