сабота, 25 април 2026

Унгарската влада ја продолжи кризната состојба поради емигрантите

Објавено на

часот

Сподели

КТК наведе дека миграциите кон Европа доаѓаат по копно и море, со голем број обиди за нелегално влегување, а тоа се одразува и врз унгарските граници, пренесе агенцијата МТИ.

Унгарските власти фатиле над 60.000 нелегални емигранти на границите оваа година, што е тројно повеќе отколку во првите осум месеци во 2020 година, се додава во соопштението.

Полицијата просечно апсела по 300 емигранти дневно во претходните недели, наведува КТК и додава дека емигрантите заглавени на балканската емиграциска рута се обидуваат сè повеќе и повеќе да влезат насилно во Унгарија, како и дека „редовно ја напаѓаат пограничната полиција која ја штити границата“.

Годинава се откриени десетици тунели под јужната граница, а бројот на уапсени шверцери на луѓе тројно се зголемил во однос на првите осум месеци од минатата година.

Се истакнува дека „економските проблеми предизвикани од ковид пандемијата и развојот на ситуацијата во Авганистан ќе придвижат нови миграции кои ќе отворат шанса за исламските екстремисти да го најдат патот до срцето на Европа“.

Кризната состојба во Унгарија за првпат беше воведена во март 2016 година и беше неколку пати продолжувана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ