петок, 5 јуни 2026

Унгарија ги суспендира работните визи за работници од три земји

Унгарската влада од денес ќе престане да издава работни визи за вработени од Филипините, Грузија и Ерменија, што е прв чекор кон регулирање на приливот на странски работници, потврди портпаролката на владата. Овој потег е во согласност со најавата на партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар, која по победата на изборите на 12 април и завршувањето на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, вети дека од јуни ќе престане да издава визи за работници од земји надвор од Европската Унија, објави Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Владата ќе ги заостри условите за вработување на странски работници поради загриженост дека тие ги намалуваат локалните плати, изјави портпаролката Ванда Сонди на прес-конференција.

Од денес, се менува регулативата што им дозволуваше на агенциите за вработување да увезуваат работници преку поедноставена постапка од Филипините, Грузија и Ерменија. Вработените кои веќе се во Унгарија сè уште ќе можат да аплицираат за продолжување на дозволите, а веќе поднесените барања ќе бидат обработени. Владата ги нарекува овие реформи прв чекор во планираното долгорочно решение.

Според официјалната статистика, странските работници сочинуваат само два проценти од унгарската работна сила, но некои сектори, како што се услугите и производството, се многу зависни од нив. Некои од најголемите странски инвеститори во Унгарија предупредија дека целосното запирање на доаѓањето на овие работници може да им наштети на компаниите и на економијата како целина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ