Полицијата потврди дека Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом иако немала никаква легална основа за давање вакцина, ниту одобрување од родителите.
Русо, која предава биологија, е уапсена и ѝ се закануваат до четири години затвор доколку биде осудена. 17-годишниот ученик наводно сакал да прими вакцина.
Би-би-си потсетува дека инјекциите можат да бидат опасни ако се даваат на неправилен начин. Лекарите и останатиот квалификуван персонал пред давањето вакцина исто така мора да проверат дали вакцината не е фалсификувана, но и дека не е истечен рокот на траење. Покрај тоа, здравствениот персонал мора лицето кое ја прима вакцината да го испраша за здравствената состојба и историјата на болести и да ги следи реакциите по вакцинирањето.
Полицијата објави дека не е јасно како Русо дошла до вакцината и за која вакцина станува збор. Во моментов вакцината на Бајонтек/Фајзер е единствената одобрена за лица помлади од 18 години.
Се појави и снимка од спорното вакцинирање, на која Русо пред вакцинирањето му кажува на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам“.
„Ете го, домашно вакцинирање“, додава таа.
[video:https://youtu.be/SpJxp2wmAz4 autoplay:0]Властите објавија дека родителите на ученикот се јавиле во полиција кога дошол дома и кажал што се случило.
Лора Русо е обвинета за практикување медицина без потребните дозволи. Првото сослушување на суд ќе се одржи на 21 јануари.






