Тие ја изразија загриженоста по извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), во кој е наведено дека Иран го проширил своето производство на ураниум, кој сега е на речиси воено ниво, и дека државата за првпат произведува метален ураниум.
„Двете се клучни чекори кон развој на нуклеарно оружје, а Иран нема никаква цивилна употреба за тие мерки“, објавија портпаролите на министерствата.
Трите министерства истакнуваат дека иранските активности се „тешко кршење“ на иранскиот нуклеарен договор. Иран тој договор го потпиша во 2015, со трите европски сили и САД, Русија и Кина, а со него се согласи да ги ограничи своите нуклеарни активности во замена за укинување на економските санкции.
Вашингтон се повлече од договорот во 2018 под Доналд Трамп, кој ги врати санкциите. Една година подоцна Техеран постапно почна да ги почитува обврските од договорот.
Дипломатските обиди за наоѓање договор меѓу Иран и САД во Виена, седиштето на ИАЕА, траат од април годинава. Тие се прекинати на два месеци откако ирански претседател стана конзервативецот Ибрахим Раиси, кој го замени умерениот Хасан Рохани.
Техеран сè уште не се согласил на нов датум за продолжување на преговорите, кажаа европските министри, предупредувајќи дека новите чекори на Иран го отежнуваат враќањето на нуклеарниот договор.






