четврток, 23 април 2026

Третина жители на ЕУ немаат пари за одмор

Објавено на

часот

Сподели

Оние работници чии приходи се под прагот на сиромаштијата, односно помалку од 60 проценти од просечната плата, минуваат најлошо во Грција, каде што 88,9 проценти од нив не можат да заминат на одмор, се наведува во студијата.

Потоа следуваат Романија со 86,8 проценти и Хрватска со 84,7 проценти.

Кипар е на четвртото место со 79,2 проценти, пред Словачка со 76,1 проценти.

Конфедерацијата посочува дека нееднаквоста помеѓу најсиромашните работници и оние другите кога станува збор за одмор во изминатата деценија се зголемила во 16 земји-членки.

Најголеми разлики во можноста за одење на одмор меѓу работниците со приходи под просечната плата и други работници има во Хрватска, Грција, Бугарија, Чешка, Франција и Романија.

Зголемувањето на нееднаквоста „покажува дека придобивките од економскиот раст во Европа во изминатата деценија не се рамномерно распределени“, рече помошник-генералната секретарка на ЦЕС, Естер Линч.

ЦЕС се залага за подобрување на предлогот за европска директива со која треба да се зголемат минималните плати во ЕУ, за што Европскиот парламент ќе расправа по летната пауза.

Синдикалната конфедерација се залага за воведување „праг на достоинство“, кој ќе гарантира дека минималната плата дефинирана со закон не може да биде помала од 60 проценти од просечната плата, или помалку од 50 проценти од просечната плата во која било земја-членка.

Во моментов, во 17 земји-членки на ЕУ минималната со закон загарантирана плата е помала од 60 проценти од националната просечна плата, посочува ЦЕС, пишува „СиБиз“.

ЦЕС претставува 45 милиони членови на 89 национални синдикати во 39 европски земји и 10 европски синдикални федерации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ