среда, 22 април 2026

Израелски доселеници преминале во Сирија, се забарикадирале, ги вратила војската (ВИДЕО)

Неколку десетици израелски доселенички активисти ја преминале границата со Сирија, по што израелската војска ги прибрала назад на израелска територија. Активистите накратко се забарикадирале во зграда на периферијата на сирискиот град Хадера, јавуваат израелските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Групата, која се нарекува себеси „Пионери на Башан“, соопштила дека ќе остане таму сè додека израелската влада не одобри воспоставување израелски населби на сириска територија.

Според соопштението на Израелските одбранбени сили (ИДФ), станува збор за околу четириесет активисти кои влегле приближно половина километар во сириска територија. Потоа војниците ги вратиле во Израел и ги предале на полицијата.

ИДФ соопшти дека „остро го осудуваат овој инцидент и ја нагласуваат неговата сериозност“. Во соопштението се додава дека станува збор за „криминален чин кој ги загрозува цивилите и членовите на ИДФ“.

Синоќа група израелски доселеници извршиле напад врз селото Беит Имрин во северниот дел на Западниот Брег, по што израелската полиција објави дека отворила истрага.

Израелската војска објави дека војниците се испратени во палестинското село „по пријавите за запалена куќа и возила во областа“.

Војниците го пребарале подрачјето, но не пронашле осомничени, според соопштението на војската. ИДФ додаде дека „остро ги осудува ваквите настани и ќе продолжи да работи на одржување на законот и редот во областа“.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека седум Палестинци, вклучувајќи едно бебе, биле третирани поради вдишување чад, додека едно лице било третирано за изгореници.

Вчера резервист меѓу доселениците убил 14-годишно палестинско момче и 32-годишен маж во селото Ал Мугајир во централниот Западен Брег.

Резервистот била суспендиран, но не и уапсен, што е многу ретко во случаи на насилство од страна на доселениците, кое се случува речиси секојдневно без последици, пишува Тајмс оф Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ