Најновиот резултат на националната анкета која ја спроведе Ројтерс/Ипсос кон средината на декември покажува дека 54 отсто од анкетираните републиканци би го поддржале поранешниот претседател на САД во трката за претседател во 2024 година, јавува Фокс њуз.
Другите двајца кандидати се гувернерот на Флорида Рон ДеСантис и поранешниот потпретседател Мајк Пенс со 11, односно осум отсто поддршка од анкетираните.
Трамп во 2021 повеќе пати ја спомна кандидатурата за Белата куќа.
„Секако дека размислувам за тоа“, кажа Фокс њуз во интервју во ноември.
„Мислам дека многу луѓе ќе бидат среќни, искрено, со таа одлука“, кажа поранешниот американски претседател, сигналирајќи дека тоа ќе биде објавено по меѓуизборите во 2022 година.
Истражувањето на Ројтерс/Ипсос е во согласност со другите истражувања на јавното мислење во трката за номинација на Републиканската партија за 2024. Просекот на сите најнови национални анкети му дава на Трамп поддршка од 52 отсто, значително пред останатите можни републикански кандидати во Белата куќа.
Но, треба да се напомене дека поддршката за номинација е за 20 до 30 отсто помала од општата поддршка меѓу републиканските гласачи. Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, Трамп генерално го поддржуваат 82 отсто од републиканските гласачи.






