четврток, 26 март 2026

Трамп одлучи да ги прекине трговските преговори со Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги прекине трговските преговори со Канада, обвинувајќи ги канадските власти за искривување на зборовите на неговиот претходник Роналд Реган во рекламна кампања против зголемувањето на царините меѓу двете земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на нивното скандалозно однесување, сите трговски преговори со Канада со ова се прекинуваат“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.

Трамп изјави дека Фондацијата Роналд Реган објавила дека Канада „измамнички користела лажна реклама“ во која Роналд Реган негативно зборува за царините.

Тој се осврнува на рекламна кампања финансирана од канадската покраина Онтарио, за околу 75 милиони долари, која била насочена кон републиканските гласачи.

Фондацијата Роналд Реган објави на мрежата Икс дека канадската рекламна кампања селективно користела аудио материјал од радио обраќањето на поранешниот републикански претседател, од април 1987 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ