петок, 8 мај 2026

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан

Објавено на

часот

Сподели

Унгарскиот лидер „вистински ја сака неговата земја и сака безбедност за неговиот народ“, порача Трамп во вчерашното соопштение.

„Тој направи моќна и одлична работа во заштитата на Унгарија, сопирањето на нелегалната емиграција, создавањето работни места, трговијата и на претстојните избори треба да му се дозволи да продолжи со таа работа“, наведе поранешниот американски претседател.

Унгарските гласачи на пролет излегуваат на избори за да бираат меѓу владејачката партија Фидеш на Орбан и шестчлената опозициска коалиција, која го поддржува конзервативниот политичар Петер Марки Зај за кандидат за премиер. Истражување на Политико покажува дека борбата ќе биде неизвесна.

Трамп и Орбан имаа пријателски однос за време на мандатот на Трамп во Белата куќа, а поранешниот претседател во 2019 забележа дека Орбан е „веројатно како мене, малку е контроверзен но тоа е во ред“.

Сега кога на чело на американската влада е демократот Џо Бајден, односните меѓу Вашингтон и Будимпешта се нарушени, а Унгарија беше исклучена од минатомесечниот Самит за демократија, кој го организираше Бајден.

Во вчерашното соопштение Трамп наведе дека Орбан е „силен лидер кој сите го почитуваат“. „Тој ја има мојата поддршка за реизбор на функцијата премиер“, наведе Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ