Провинцискиот директор на Министерството за промоција на доблести и спречување пороци, Азиз ул Рахман, во вторникот за Дпа изјави дека главите „мора да се отстранат“.
Сопствениците на продавници се обиделе да им објаснат на талибанските власти дека цели кукли со глави не го прекршуваат исламот затоа што не претставуваат „идоли“ туку се користат само за изложување облека за продажба, но не успеале. Така, продавниците за облека почнаа да ги отстрануваат главите на куклите, во согласност со директивата.
Обеидула Јари, шеф на локалната деловна заедница, во понеделникот рече дека околу 20 отсто од продавниците веќе ја примениле уредбата.
„Имаа потрошено помеѓу 80 и 120 долари за секоја кукла“, рече тој. „Можете да ги видите во продавниците во сите муслимански земји.“
Министерството за промоција на доблести и спречување на пороците, кое е одговорно за спроведување на талибанското толкување на исламот, минатата недела нареди да им се отстранат главите на куклите бидејќи се навредливи за исламот, предупредувајќи дека прекршителите ќе бидат казнети.
Видео што кружи на социјалните мрежи покажува како продавачите им ги вадат главите на куклите.
This is Herat where the Taliban authorities have asked clothing shops to behead all “female mannequins” calling them “un-Islamic”. Herat was called “the pearl of Khurasan” by Rumi and has been considered the cultural capital of #Afghanistan. pic.twitter.com/CUBA6fSE74
— Zia Shahreyar l ضیا شهریار (@ziashahreyar) January 3, 2022
Талибанците веќе воведоа строги ограничувања на јавниот живот. Возачите неодамна добија наредба да не пуштаат музика во возилата и да не примаат патнички доколку не носат хиџаб.
Поголем дел од средните училишта за девојки беа затворени веднаш откако талибанците ја презедоа власта минатата година. Многу жени не можат да се вратат на своите работни места.
Мажите, пак, мора да пуштат брада.






