Тој на конференција за новинарите истакна дека со Соединетите Американски Држави не е постигнат договор за продолжување на рокот за повлекување на американските трупи по 31 август.
„Нема да дозволиме евакуации по 31 август“, кажа Муџахид.
Тој оцени дека собирањето на аеродромот е опасно и дека луѓе би можеле „да ги загубат животите“, повикувајќи ги Авганистанците, кои сакаат да избегаат од земјата, да се вратат дома.
Муџахид тврди дека талибанците „гарантираат за нивната безбедност“ и дека нема листи на луѓе против кои се подготвува одмазда.
Тој кажа дека животот во земјата „се враќа во нормала“, но дека „хаосот на аеродромот претставува проблем“.






