“Ние сме подготвени. Се разбира, кога надлежната институција ќе процени дека можеме да влеземе во процесот, прво со донесување на законот во Собранието, а потоа и со првите регрутации”, рече Гашиќ за Радио телевизија Србија (РТС).
Според него, дали воведувањето на воен рок ќе стапи на сила од 1 март следната година зависи од безбедносната и општествено-политичката состојба во земјата и светот.
„Не само во нашата непосредна околина, туку и низ целиот свет, редовниот воен рок сè повеќе се враќа бидејќи се покажа како потребно. Ниту една земја не може да ги пополни своите професионални капацитети“, рече Гашиќ.
Наведе дека припадничките на женскиот пол ќе имаат можност доброволно да служат воен рок и дека за нив се подготвуваат посебни капацитети.
Тој додаде дека очекува добар одѕив од младите луѓе.
Зборувајќи за воената неутралност на Србија, министерот за одбрана нагласи дека таквата политика овозможува соработка со сите земји во светот.
„Мудрата надворешна политика што ја води претседателот на Републиката ни дава можност да бидеме сигурни дека во наредниот период ќе ја опремиме српската армија со најсовремени средства и дека ќе бидеме силен одвраќачки фактор за секој што мисли дека може да ја загрози Србија на каков било начин“, рече Гашиќ.






