петок, 24 април 2026

Судир во Г7 поради одлуката на Бајден да се повлече од Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот на АП се наведува дека лидерите на Г7 сепак успеале делумно да се договорат за условите за признавање и можна соработка со идната влада на Авганистан, која ќе ја водат талибанците.

Сепак, беше забележливо разочарувањето бидејќи Бајден не ги прифати барањата за продолжување на американското воено присуство на аеродромот во Кабул и по 31 август, со што би се обезбедила евакуација на десетици илјади Американци, Европејци, граѓани на други земји, но и Авганистанци што соработуваа со меѓународните сили и организации.

„Наш непосреден приоритет е да обезбедиме безбедна евакуација на нашите граѓани и на Авганистанците што беа наши соработници, како и да се осигуриме дека секој друг што сака може безбедно да го напушти Авганистан“, рече лидерот на Г7 во заедничката изјава.

На состанокот на Г7 присуствуваа и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Еден ден пред самитот на Г7, директорот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, се сретна во Кабул со талибанскиот водач Абдул Гани Барадар.

За време на разговорите со Бернс, талибанците нагласиле дека нема да прифатат американско воено присуство на аеродромот во Кабул по 31 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ