петок, 8 мај 2026

Столтенберг: Руското и кинеското влијание на Западниот Балкан не помага

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за подгоричка Победа, Столтенберг ја повика Русија „да игра поконструктивна улога на Балканот“ и оцени дека Москва „редовно го прави спротивното“.

Тој ги наведе порастот на тензиите на Косово и во Босна и Херцеговина, „поагресивната реторика и прекинувањето на реформите“ и присуството на „странски актери кои работат на поткопување на напредокот“.

Столтенберг се осврна на ситуацијата во Црна Гора, Србија и БиХ. Генералниот секретар на Алијансата кажа дека Црна Гора е „посветен партнер“, го пофали зголемувањето на издвојувањата за одбрана, и порача дека Подгорица секогаш може да смета на поддршката на Алијансата“.

„Нашата Ер полисинг мисија продолжува да го одржува вашето небо безбедно, со авиони од Италија и Грција. НАТО и сојузниците исто така покажаа силна солидарност и поддршка на Црна Гора за време на пандемијата на коронавирусот“, смета Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО наведе дека има „редовен дијалог“ со претседателот на Србија Александар Вучиќ, дека НАТО „целосно ја почитува“ политиката на неутралност на Србија, и дека пактот е посветен на изградба на „силно партнерство“ со Србија.

„Се соочуваме со заеднички безбедносни предизвици и партнерството со НАТО може да ѝ донесе реална корист на Србија и нејзините граѓани, но и на поширокиот регион“.

Според него, безбедносните предизвици кои постоеле пред пандемијата не исчезнале и наведе дека тие ги вклучуваат „наметливата Русија, тероризмот, сајбер и ракетните закани, климатските промени и безбедносните импликации кои произлегуваат од подемот на Кина“. Тој ја повика Русија да „игра поконструктивна улога“ на Западниот Балкан.

„За жал, гледаме дека Русија го прави спротивното. Минатиот месец Русија и Кина заедно работеа во ОН за да ги поткопаат напорите на меѓународната заедница да ја обнови мисијата на ЕУ Алтеа во Босна. Ова е само еден пример на руското и кинеското влијание на Западниот Балкан кое не помага. Исто така видовме хакирање, дезинформации, заплашување и други дестабилизирачки активности“, кажа Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ